Overview
Херсилија е новела за толеранцијата. Авторите Џекова и Захов се обидуваат со литературни четкички да ја насликаат светлата и темната страна на идеалот - општествениот мир. Ако Марат во заплетот е плимата, Кордеј во расплетот се јавува како осека. Ивон де Пасторе се пројавува како римска Сабина да ги измири завојуваните идеалисти. Дали ќе успее една благородничка во подвигот и во исто време да ги спаси роднината Кордеј и својот сакан Франсоа Бевоар? Филозофско писмо, поезија, петиција, популизам, патетични воскликнувања, романтични прошетки во благороднички дворци се само вовед во возбудливата игра по работ на гилотинскиот нож кој надвиснува над човечките животи кои немаат вредност во таа револуционерна доба освен да се робува на идејата и да не се прашува, да не се сомнева, туку да се оди напред преку безбројните жртви на страшната војна. Кога молењето и простувањето се жигосувани од државата за морален кукавичлок, дали убавата и невина Де Пасторе ќе успее да препознае нијанси во длабоката вода?
This item is Non-Returnable
Customers Also Bought
Details
- ISBN-13: 9781300308256
- ISBN-10: 1300308257
- Publisher: Lulu.com
- Publish Date: October 2012
- Dimensions: 11 x 8.5 x 0.16 inches
- Shipping Weight: 0.44 pounds
- Page Count: 76
Related Categories
